Починатото 22-годишно момче со Даунов синдром било примено во болница во тешка состојба

Во изминатите 24 часа битката со корона вирусот ја изгуби и 22-годишно момче. Според информациите на „Фокус“, момчето уште на 16 јули било примено на болничко лекување во тешка здравствена состојба, а тестот по два дена покажал дека е позитивен на Ковид-19.

Пациентот бил лекуван во ГОБ „8 Септември“, а според извори од болницата, момчето имало Даунов синдром.

-Пациентот беше примен на 16 јули на хирургија, во тешка општа состојба, суспектен. Беше ставен на кислородна поддршка, реанимиран и интубиран, велат од болницата за „Фокус“, додавајќи дека момчето имало масивна пнеумониа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.