Почна да се гради првата фабрика за автобуски каросерии во Штип

Во индустриската зона Запада, во Штип, денеска се постави камен темелник на новата фабрика за автобуски каросерии. Фабриката ја гради штипската фирма „Актива“ во соработка со белгискиот гигант „Ванхол“.

Иле Наков, директор на „Актива“ изјави дека новата фабрика за автобуски каросерии ќе ја промени и сликата за Штип како град на текстилот затоа што отвора можности и други инвеститори да влезат во областа на металната и машинската индустрија.

„Локацијата опфаќа површина од 70.000 м/2 со можност за 120.000 м/2. Планирани се две фабрики од по 16.000 м/2, значи вкупна површина од 32.000 м/2. Првата фабрика ќе се гради во две фази. Во првата фаза, ќе се прави халата за делот за металните конектори, со површина од 8000 м/2 а по завршување на истата во септември и втората фаза со уште 8000 м/2. Инвестицијата е вредна 3 милиони евра од кои 1 милион евра се средства на „Актива“ а 2 милиона евра се кредит од Комерцијална банка – Штип“, посочи Наков.

Пресудно за изградбата на оваа фабрика, како што кажа Наков,  бил ангажманот на неговата фирма во констуркцијата на првата фабрика на „Ванхол“ во Бунарџик, каде што се прозиведуваат автобуси. Навремената работа, била гараранција дека Белгијците имаат работа со сериозна фирма и одговорни луѓе.

„Кога за прв пат се запознавме во пролетта 2011, ни не помислувавме дека еве денес ќе ставаме камен темелник на нова фабрика.  Ние сме семејна фирма, исто како и „Актива“ и слично на Иле, и нашиот татко повеќе од времето го поминуваше во производните хали . Ова е голем момент и за нас и ние едвај чекаме да почнеме со работа. Ние сега извезуваме за американскиот пазар, но со оваа фабрика го почнуваме и освојувањето на европските пазари“, истакна директорот на „Ванхол“, Филип Ванхол.

vanhol

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.