Почна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третиот квартал

74

Почна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тромесечје од годинава, односно за месеците јули, август и септември.

Дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките.

Како што информираат од министерството за финансиси, овој пат исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ.

Инаку, УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците на УЈП, треба да бидат исплатени речиси 430 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.