Почна изградбата на голем кружен тек на влезот во Велес

На влезот од источната страна во  Велес кај клучката  на Штипско џаде, денеска свечено беше означен стартот на градежните работи за изградба на голем кружен тек. За изградбата на кружниот тек кој треба да биде готов за два месеци средства во висина од седум милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Велес.

„Кружниот тек е многу значаен бидејќи од тука водат патиштата  од Велес кон Скопје, Штип, Гевгелија, Езерото „Младост“ и обратно и овој пат е еден од најфрекветните за сообраќај.  Што е посебно важно со изградбата на овој кружен тек ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој дел од патот, каде често се случуваа сообраќајни незгоди“, потенцира градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.

Тој најави и изградба на кружен тек во новиот дел на Велес и уште еден во 2016 година кај Башино Село.