Почина најстариот хокеар на светот, на 99 години

Најстариот активен хокеар на светот според Гинисовата книга на рекордите, Американецот Марк Сертич починал во 100-та година од животот како последица на мозочен удар, извести американската хокеарска асоциација USA Hockey.

Сертич до самиот крај на животот трипати седмично излегувал на мразот во своето родно место Дулут, во сојузната држава Минесота, за да игра за екипата ветерани на локалната противпожарна бригада. Последен пат настапил во јули веднаш по неговиот 99-ти роденден, по што беа затворени сите спортски терени во државата поради епидемијата од коронавирусот.

Самиот хокеар тврдеше дека во кариерата постигнал повеќе од 10.000 погодоци. Ниту двапати исчашените рамења, скршеници на ребрата, пробиени бели дробови, па дури и скршената нога на 94-годишна возраст не го спречија да ја продолжи својата играчка кариера.

„Се чувствувам како да играм со векови, почнивајќи, мислам, во 1931 година. Тешко е да се објасно мојата љубов кон хокејот. Можеш да се лизгаш по пакот, да удираш по него, да се обидуваш да го одземеш од другите играчи, со него можеш многу нешта да правиш. И јас немам намера да запрам“, изјавил за локалните медиуми Сертич кусо време пред својата смрт.

Сертич учествувал во Втората светска војна во Европа, израснал седум деца. Бил и тренер на помладите категории хокеари, учествувал на многу маратони, но никогаш не бил професионален хокеар.

Сограѓаните велат дека постојано бил физички активен и бил своевидна икона на градот и нивен „фитнес гуру“, кој дури и во деновите на карантинот бил физички активен „возејќи“ дома стациониран велосипед.