Почна реконструкцијата на коловозот на улицата Даме Груев

Во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев, воведен времен режим на сообраќајот
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје денеска ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев. Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со ул.Македонија до ул.11ти Октомври и поради изведба на градежните активности десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.
 
На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување  на градежните активности на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.