Почна реконструкцијата на стадионот “Тумбе кафе”

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и општина Битола неодамна потпишаа договор за реконструкција на стадионот “Тумбе кафе”, а денеска започнаа и градежните работи предвидени во овој договор.

Пелистер до крајот на сезоната ќе игра надвор од својот стадион, кој ќе се реновира со средства на УЕФА од програмата “хет-трик”. Ќе биде реконструиран теренот, а ќе се постават и рефлектори за одигрување ноќни мечеви, една голема трибина и 1.500 нови столчиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.