18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Почна седницата на Советот за безбедност, ќе расправа за состојбата со коронавирусот

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, најавена е изјава на Пендаровски.