Почна седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина

Во седиштето на Обединетите нации започна седницата на Советот за безбедност по повод украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат од почетокот на руската инвазија во Украина ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН преку видео конференциска врска.

Предвидено е и обраќање на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, објави Би-Би-Си.

Русија категорично ги отфрли обвинувањата за убиства на цивили во Буча, нарекувајќи ги „злосторнички провокации“ и најави дека ќе достави „конкретни докази“ до Советот за безбедност дека нејзините сили не биле вмешани во злосторствата врз цивилите.