Почна штрајкот во германската авиокомпанија „Германвингс“

Пилотите и стујардесите од авиокомпанијата Германвингс (Germanwings) денеска го започнаа штрајкот кој ќе трае до полноќ на 1 јануари 2020 година.

Поради штрајкот ќе бидат погодени и летовите на Јуровингс. Локалните медиуми пишуваат дека е можно во штрајкот да се вклучат и вработени во авиокомпанијата Луфтханза. Досега се откажани над 180 летови најголем дел на домашни линии.