Почна со работа Агротим.мк, платформа за информации од агрокомплексот и агроберзата

Агротим.мк, специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберзата, чија цел е поголем развој на домашното производство на храна и приближување на македонските производи кон европските и светските стандарди, од денеска почна со работа. Ќе функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата.

-Идејата за овој проект произлезе од потребата на земјоделците од поголема информираност и едукација за новите модерни технологии во земјоделското производство, користењето на европските и други фондови, како и приближување на мерките на државата кои се во интерес на профитабилен агробизнис, велат од Агротим.

Освен контактите преку платформата, додаваат, Агротим ќе биде на терен, со директни контакти со земјоделците.

-Ќе се организираат средби, трибини, форуми и друг вид на едукативни активности. Особено ќе се стави акцент на развојот на договорното производство како најдобар начин за решавање на проблемот со пласманот на земјоделските производи. Агротим.мк ќе биде поврзан и во тесна соработка со агроберзата
Инфотим.рс преку чија платформа ќе можат земјоделците и агробизнисмените да се информираат за движењето на цените на земјоделските производи, понудата и побарувачката на одредени производи но и да воспостават директни контакти и да тргуваат, информираат од Агротим.

Во овој проект, потенцираат, се вклучуваат и АГРИА, СН осигурителен брокер, Благој Ѓорев, Подгорка, Кожувчанка, Синпекс, Везешари, Хемомак и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.