Почна „тепачката“ за богатството на Марадона: Некој веќе трошел пари од неговата сметка?!

Два месеци откако Диего Армандо Марадона, аргентинскиот фудбалски Бог трагично почина на 60 години од срцев удар, не издржа неговото семејството, па почна лудилото и војната за неговото богатство и обвинувањата дека веќе се трошат пари од неговата сметка.

Засега никој не знае колкаво богатство има Марадона, се шпекулираше со сума од 70 милиони, но и дека немал многу пари и дека долговите му се милионски, ама две од многуте екс-сопруги почнаа да се обвинуваат дека се трошеле пари од банковната сметка, користејќи ги картичките на Марадона.

„Отворената војна“ веќе се распламна за парите на аргентинскиот великан, а првообвинета е последната девојка, Росио Олива. Нејзе ја обвини бившата девојка и сопруга Вероника Охеда, со која Марадона го доби најмладиот син од деветте деца кои ги има, иако изминатиов период се појавија исто така шпекулации дека ги има уште неколку, кои не ги признал.

„Користена е картичка која Росио ја имала, не знаеме од каде, после смртта на Диего. Се разботи за сериозно големи трошоци за нејзината компанија. Сите се сомневаат дека ја искористила ситуацијата и дека трошела пари од истата, а притоа таа картичка не била откажана“, рекол извор близок со Марио Баудри, сегашниот дечко на Вероника.

Охеда уште пред осум години ја обвини Олива дека е во врска само за да ужива во парите на Диего.

„Јас на Диего му вратив три милиони долари, а таа задржа буквално сѐ“, рекла Охеда.

Росио демантираше дека ги користела картичките на Марадона, но призна дека има такви кои ѝ ги оставил аргентинскиот фудбалски Бог.

„Диего ми даде некои кредитни картички да му ги чувам, но лага е дека сум ги користела“, се правда Олива.

Марадона почина кон крајот на ноември лани, само две недели откако беше отпуштен од болница после операција на хематом на главата, а главниот лекар во моментов е првоосомничен за негрижа и за фалсификување на потписот на Марадона, со кој побрзо од потребното бил пуштен на домашно лекување.