Почнаа преговорите на коалициите за нова влада на Црна Гора, Кривокапиќ веројатен премиер

48

Во средата вечерта започнаа преговорите меѓу претставниците на трите коалиции за формирање на новата влада во Црна Гора, траеја четири часа но не е отворен разговор за целиот пакет, пишува дневниот весник Вијести.

Повикувајќи се на информации од повеќе извори, подгоричкиот весник пишува дека врз основа на резултатите од изборите, премиерската позиција треба да ѝ припадне на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, додека втората најсилна коалиција „Мирот е нашата нација“, веројатно ќе ја преземе функцијата претседател на Парламентот.

Во преговарачкиот тим на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ се носителот на листата Здравко Кривокапиќ, функционерите на Демократскиот фронт, Предраг Булатовиќ, Славен Радуновиќ и Бранко Радуловиќ, потоа Драган Ивановиќ функционер на Социјалистичката народна партија и професорот Владимир Божовиќ од Матица Српска.

Коалицијата „Црно на бело“ ја претставуваа функционерите на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, Зоран Микиќ, Филип Аџиќ, а коалицијата „Мирот е нашата нација“ Алекса Бешиќ и Борис Богдановиќ (Демократи) и Миодраг Лекиќ (Демос).

Според изворите на подгоричкиот весник, состанокот траел околу четири часа, бил начелен и воведен.

Тие рекоа дека разговарале за обврските и одговорностите пред новата власт, како најдобро да се дојде до решение, динамиката на работа и програмата на идната влада чии основи се содржани во договорот што лидерите на трите коалиции го потпишаа претходно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.