Почнува „Генералка викенд 2022“, Пиварци и партнерите го чистат Водно

Вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, заедно со волонтерите од Град Скопје, Пакомак, компанијата Мен енд Маунтен и членовите на неколку дипломатски претставништва воземјата, го собираа сувиот отпад од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно. Со ова и официјално започна пролетниот дел од најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, што од денеска, до 8-ми мај, се спроведува во 26 општини ширум земјата.

Акцијата за чистење на Водно се одвиваше синхронизирано, со тоа што волонтерите од Пивара Скопје ипретставниците на амбасадите започнаа со собирање на отпадот од врвот на планината, а градската администрација од врвот надоле, како и од средно Водно, при што заеднички го собраа отпадот одголемиот број пешачки патеки, собирни места и паркиралишта.

„Среќни сме и горди што, како компанија, но и како индивидуални амбасадори на одржлив развој, можеме да учествуваме во акцијата ,Генералка викенд’. Со оваа еколошка акција ние ја препознаваме нашата одговорност да дадеме придонес и сакаме да бидеме предводници и да ги надминеме националните цели за управување со отпад од пакување“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.„Напорите на нашата компанија првенствено се посветени на изградба на нашата земја како место без отпад и постигнување на нула емисии на CO2. Оваа иницијатива – ,Генералка викенд’ – ни помага дапостигнеме значителен резултат во двете области: Преку собирање на голем обем на отпад да продолжимесо реализацијата на платформата ‘Свет без отпад’ и преку засадување нови дрвја да придонесеме коннамалување на емисиите на CO2. Тоа е двојна придобивка за животната средина, за целата заедница и засите нас кои сме дел од неа“, потенцираше Сладиќ, на стартот на акцијата на Водно.

Задоволство од акцијата искажа и градоначалничката на Скопје, потенцирајќи дека вклучувањето на градската администрација во нејзината реализација покажува дека заштитата на животната средина е високо позиционирана на агендата за одржлив развој на Градот Скопје.

„Денешната акција е навистина посебна, затоа што во неа се вклучуваат 100 волонтери од приватниот сектор и од организациите кои се активно вклучени во овој проект, но и 100 волонтери од Градот Скопје, од средните училишта на Град Скопје, од комуналното претпријатие и волонтери кои доаѓаат од општините Гази Баба и Кисела Вода кои преку своите јавни претпријатија придонесуваат Водно да го исчистиме во интерес на сите граѓани“, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Значаен придонес за успехот на оваа, како и на сите останати еко-акции што се одвиваат во рамки на „Генералка Викенд 2022“ секако има и компанијата Пакомак, која и овојпат ја обезбедува неопходната логистичка поддршка за сообирање, транспорт, селекција и рециклирање на отпадот.

„Ова е еден од начините како со личен пример да ја подигнеме јавната свест за заштита на околината што нѐ опкружува. Кога секој би се грижел отпадот од пакување да завршува во соодветната корпа би имале многу почиста животна средина и поубаво опкружување за нас, но и за нашите поколенија”, истакна Ико Бардаровски, менаџер за развој на бизнис и комуникации на Пакомак. Еко-акцијата „Генералка Викенд 2022“ е организирана од Мен енд Маунтен и планирано е да се повторува секоја година сѐ до 2031, со цел да се исчисти целата земја од отпад и да се имплементира одржлив систем за селектирање и менаџирање на отпад. „Вистинските херои на Генералка викенд се 26-те општини, училишта, градинки, невладини организации, пензионери, активисти и вработените во комуналните претпријатија и општините. Сите обединети зад една идеја – Да се собере отпадот од минатото и да се рециклира во зелена иднина!“, вели Гордана Софија, претставничка на Мен енд Маунтен – огранизатори на „Генералка викенд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.