Почнува и сезоната на грип, 21 случај евидентиран минатата недела

Од 09 до 15 ноември во Македонија се пријавени 21 случај на заболени од грип. Заболените се пријавени во Дебар – 15, во Куманово – 4 и во Гостивар – 2. Од нив 9 се на возраст до 4 години.

Бројот на регистрирани случаи во 45-та недела од годината е намален во споредба со истата недела лани. Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 141 (I=6,8/100.000), што е 16,6% помалку во споредба со истиот период минатата сезона кога биле регистрирани 169 заболени лица.

Во однос на возраста, најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15 до 64 години – 55 случаи (39,0%), а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Институтот за јавно здравје посочува дека пандемијата со ковид-19 има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во Европскиот регион, вкучително и Македонија што резултира со намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.