Почнува исплатата на субвенциите за тутунот за реколтата 2019

33

Започнува исплатата на субвенциите за тутунот за реколтата за 2019 година. Сите тутунари кои имат платежни картички и кои имаат потреба да подигнат готовина ќе можат тоа да го направат на банкоматите од денеска од 16 до 23 часот без разлика што е полициски час, бидејќи за овие лица ќе биде дозволено движењето исклучиво за оваа намена. Останатите парите ќе може да ги подигнат од 21 до 24 април,експозитурите на банките по азбучен ред според презимето.

Исплатата на субвенциите за тутунот за 2019 во петокот на прес-конференција го соопштија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Димковски соопшти дека се исплатени над 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за реколтата 2019.

Директорот на АФПЗРР Бабовски информира дека заради вонредната ситуација исплатата за тутунот ќе се одвива во четири последователни групи.

– Сите корисници на финансиска поддршка за тутнот кои немаат немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите А, Б, В, Г и Д средствата од шалтер ќе можат да ги подигнат во вторник 21 април. На 22 април, во среда се исплаќаат субвенции за тутун за апликантите на кои презмињата им почнуваат со буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј и К. Во четврток, им се исплаќаат субвенциите на апликантите чии презимиња им почнуваат со буквите Л, Љ, М, Н, Њ, О, П и Р. И последната група ќе се исплаќа во петок со оние лица чиипто презимињз им почнуваат со буквите С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ќ, Џ и Ж, истакна Бабовски.

Министерот за земјоделство Димковски потсети дека според новиот модел на исплаќање на субвенцијата, за прва класа се исплаќа 80 денари, за втора 70 и за трета и за дополнителните 60 денари.

Банката нема да наплаќа провизии за вадење на средствата од банкоматите на сите овие производители на тутун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.