Почнува карантин концертот на музичари од Балканот: „Од пријател до пријател 2“ (ВИДЕО)

Околу 25 музичари од Македонија, но и од регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија) одлучија креативно да го исполнат времето кое го минуваат во изолација и повторно да ја поздрават публиката.

Вечерва во 19:30 на ЈуТјуб ќе се одржи мини концерт „Од пријател до пријател 2” , а целта на соработката на музичарите, меѓу кои има голем број познати од македонската сцена, е на публиката ширум Балканот, но и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика.

Иницијативата ја покрена нашиот магионичар и вокал на група Реквием, Гого (Георги Гавровски).

Концерот можете да го следите на видеото во продолжение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.