Почнува мисијата „ЕВРО 2024“- собир на репрезентацијата пред мечот со Малта

Време е за нов почеток на македонската фудбалска репрезентација. Попладнево со официјалниот собир започна „операцијата Малта“ и почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Според планот на селекторот Благоја Милевски повиканите фудбалери се собраа во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а вечерва планиран е и првиот заеднички тренинг.

Групата ќе биде комплетна утре, кога ќе се приклучат сите интернационалци. Фудбалската репрезентација стартува со подготовките за првиот квалификациски натпревар од циклусот за Европското првемство, кој в четврток на домашен терен го играме против селекцијата на Малта.

На првиот собир најверојатно ќе недостасуваат неколкумина интернационалци кои треба да го комплетираат составот во текот на вечерта.

Според планот, избраниците на Милевски ќе тренираат во Скопје на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Макеоднија (ФФМ).