Почнува пресметувањето за новата минимална плата

Законски утврдената минимална плата од денеска (1 декември 2019) во Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 година за 5.500 денари.

Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Собранието  претходно ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата со што платите во државата продолжуваат да се зголемуваат.

По донесувањето на законското решение за минималната плата остануваат дилемите дали навистина ќе се поттикне натамошно зголемување на платите, дали работодавачите ќе имаат реална можност тоа да го направат и дали ова решение ќе значи намалување на исплатата на плата во плик, начин на кој работодавачите се обидуваа да го избегнат плаќањето давачки кон државата за повисоки плати. Истражување на Фајнанс тинк: Во мај 2017 година, 69 отсто од примателите на минимална плата добиле и плата во плик Од Институтот за економско истражување и политики Фајнанс тинк (Finance Think) сметаат дека нивото на минимална плата кое е конзистентно со тековната продуктивност во економијата се движи до 13.500 денари и оти до ваков наод дошле при изработката на студија за политиките од 2018 година „Анализа на ефектите од измените во Законот за минимална плата“, во која е извршена квантитативна симулација, како и квалитативна проценка врз основа на длабински интервјуа со засегнати работодавачи. Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари, сметаат, може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плик.

Од Институтот за економско истражување и политики Фајнанс тинк (Finance Think) сметаат дека нивото на минимална плата кое е конзистентно со тековната продуктивност во економијата се движи до 13.500 денари и оти до ваков наод дошле при изработката на студија за политиките од 2018 година „Анализа на ефектите од измените во Законот за минимална плата“, во која е извршена квантитативна симулација, како и квалитативна проценка врз основа на длабински интервјуа со засегнати работодавачи. Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари, сметаат, може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плик.

Сепак, додаваат од Институтот, порастот на минималната плата не треба да се гледа изолирано од другите потези на носителите на политиките. Поконкретно, Предлог-законот за субвенционирање на платите предвидува ослободување од придонеси за делот од порастот на нето-платите од 600 до 6.000 денари. Со овој Предлог-закон, во одреден дел, се таргетира сузбивањето на „платата во плик“. Според податоците за платата во плик, во мај 2017 година, 69 отсто од примателите на минимална плата добиле и плата во плик. Но, значаен дел од платата во плик се претворил во плата на сметка со претходното зголемување на минималната плата од септември 2017 (од 10.080 денари, односно 9.590 денари во секторите кожа, обувки и облека, на унифицирано ниво од 12.000 денари). Со овој потег, уделот на приматели кои примаат минимална плата и кои истовремено добиле плата во плик се преполовил на 33,6 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.