Почнува „Скопски Брас Фестивал“

Од денеска во просториите на Филхармонија почнува „Скопски Брас Фестивал“, и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев.

Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од Шкељзен Бафтијари на пијано и Балкански тромбонски ансамбл. Последниот ден, пак, е резервиран за „Брас на кирилица“ – вечер посветена на македонски лимени состави.

Дополнително, во текот на сите три дена, во фоајето на Филхармонија ќе биде поставена изложба на дувачки инструменти од брендовите на светски познатата компанијата „Buffet Crampon“.