Почнува судењето на соборената мјанмарска политичарка Су Чи

Судењето на соборената мјанмарска челничка Аунг Сан Су Чи започна во понеделникот, додека воените лидери во замјата продолжуваат со сузбивањето на немирите по пучот во февруари година.

Седумдесет ипетгодишната добитничка на Нобеловата награда за мир е обвинета за десетина различни кривични дела, од злоупотреба на положбата и корупција до изборни манипулации. Аналитичаите веруваат дека воениот врв на Мјанмар сака долгорочно да ја замолчи Аунг Су Чи, бидејчи според обвинувањата ѝ се заканува долга затворска казна.

Обвинета е, меѓу другото, и за кршење на наворешнотрговските прописи и прописите воведени поради коронавирусот, како и за поттикнување. Адвокатите на Су Чи порачаа дека поединостите од судењето ќе ги објават во понеделникот попладнето.

Фил Робертсон, заменик директор на организацијата за човекови права Human Rights Watch за Азија, ги оцени обвинувањата против Су Чи како „лажни и политички мотивирани со намера да се поништи убедливата изборна победа на изборите во ноември 2020 година и да ја спречат никогаш повеќе да се кандидира за таа должност“.

„Сиве овие обвинувања би требало да бидат отфрлени, што би резултирало со нејзино моментално и безусловно пуштање на слобода. Но, за жал, со ограничување на простапот на нејзините адвокати и случајот кој се води пред судот кој во целост е во надлежност на воената хунта, малку е веројатно дека ќе добие праведно судење“, рече Робертсон.

Мјанмар потона во хаос и насилства од воениот пуч на почетокот на февраури. Вооружените сили не се двоумеа да применат жестокост во сузбивањето на секој отпор. Според непрофитното здружение за помош на политичките затвореници (AAPP), најмалку 863 лица се убиени, а повеќе од 6.000 се уапсени.