Почнува судењето на Џохар Царнаев

Дваесет месеци по нападот во Бостон, судењето на единствениот осомничен, младиот муслиман од чеченско потекло, почнува денеска со избор на порота, јавува МИА.

На Џохар Царнаев (21), кој би требало да биде присутен денеска во сојузниот суд во Бостон, му се заканува смртна казна за нападите, најтешки од 11 септември 2001 година во САД.

Во нападите загинаа три лица, меѓу кои едно дете, а 264 беа повредени кога на 15 април 2013, кога две бомби од рачна изработка експлодираа со 12 секунди растојание во толпата насобрана во близина на целната линија на маратонот, оживувајќи го стравот од тероризам во САД.

Судењето би требало да трае најмалку три месеци.

фото:rt.com