Почнува судењето за кражбата од Музејот на Македонија

Обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија денеска ќе седнат на обвинителна клупа.

Со обвинението се опфатени седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Музејот.

Од Музејот недотигаат околу 166 артефакти, а обвинетите се товарат за отуѓување културно наследство од особено значење во држава сопственост, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и прикривање.