Почнува судењето за „Претседавач“: Шиповиќ обвинет за криминал тежок милион евра

Во Основниот суд 1 во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Претседавач“ во кој првообвинет е Мирослав Шиповиќ, како член на раководството на фирмата „Машинопромет“.

Шиповиќ и уште 11 други лица ќе седнат на обвинителната клупа за да се соочат со обвинението дека како членови на управниот и надзорниот орган на „Машинопромет“ или сопственици на други фирми направиле злоупотреба на службена положба и овластување и помогање при што направале штета од еден милион евра.

Според истрагата, во периодот од 2008 до 2011 година, обвинетите како членови на управен и надзорен орган на АД„Машинопромет“, непочитувајќи одлуки на Основен суд Скопје 2 за поведена предстечајна постапка, во кои е изречена мерка за забрана за располагање со имот, во повеќе наврати и во претходен договор со сопственици на „Ин-Ком“, „Интерком“ и „Би Метали“ од Штип, како и „Сиком“ од Скопје носеле одлуки со цел намалување на вредноста, како и расходување на целокупната стока на залихата во АД„Машинопромет“. На овој начин тие, според МВР, со изготвување на документ-испратница која не е сметководствено евидентирана, дозволиле стоката на залиха да биде изнесена од АД„Машинопромет“ и предадена на правното лице „Ин-Ком“.

Според МВР, Управниот одбор на АД „Машинопромет“ во два наврати, без соодветно образложение ја намалувал вредноста на стоката во залиха на АД „Машинопромет од 64.281.043,00 денари до 17.483.598,00 денари.

Акцијата беше спроведе на септември лани. Шиповиќ по меѓународната потерница беше уапсен на виенскиот аеродром, па екстрадиран во Скопје каде беше притворен во затворот во Шуто Оризари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.