Почнуваат 58. Струшки вечери на поезијата

Со традиционалната и препознатлива програма, но и со нови содржини вечер на платото пред Центарот за култура во Струга, почнува 58. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.
Фестивалот ќе трае до 26 август и во него ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети, програмата има 52 настани, а покрај Струга како град-домаќин, каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.
Фестивалските настани почнуваат изутринава во 10 часот со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на позијата за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана.
Една од новините во фестивалската содржина, која се смета дека ќе стане значителен белег на светски познатиот фестивал, е „Поетската порака“. Автор на годинашната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на отворањето на фестивалот е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод 85-годишниот јубилеј во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.

Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.