Почнуваат консултациите за формирање нова влада на Австрија

Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен денеска почнува консултации за формирање нова влада после изборите.

Прв со кој ќе разговара ќе биде шефот на Народната партија (ОВП) Себастијан Курц, победникот на изборите.

Откако во четврток попладне ќе бидат објавени конечните резултати од изборите, претседателот на најсилната партија ќе и даде мандат за водење разговори за формирање нова влада.