Почувствуван земјотрес во Штип и Кочани со јачина од 3,1 степен

186

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер бил регистриран денеска во 12.34 часот меѓу Штип и Кочани во делот на  Карбинци.

Сеизмолозите велат дека овој земјотрес не е во корелација со земјотресите во Хрватска бидејќи потекнува од друго сеизмичко подрачје.

Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера. Најсилниот, со разорна моќ беше денес во 12:19, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километра од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.