5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Почина адвокатот Игнат Панчевски

По кусо и тешко боледување, утрово на 69-годишна возраст почина познатиот адвокат Игнат Панчевски.

Веста ја проследи електронското издание на всникот Независен, кој оценува дека станува збор за една од „најколоритните фигури“ во македонската адвокатска фела.

Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава.

Во 2013 година, Панчевски беше застрелан со еден куршум во левата потколеница. Инцидентот се случи во Бутел.

Се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека над пет милијарди евра биле извлечени од Македонија преку криминал.

Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник во капелата на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.