Почина Дражен Јанковиќ, клавијатуристот на Забрањено пушење

Дражен Јанковиќ, попознат како Дрaле, клавијатурист на групата ,,Забрањено пушење” и братучед на фронтменот Неле Карајлиќ, починал во петокот утрото.

Тој беше клавијатурист во култната босанска група, но и автор на повеќе песни. Има издадено неколку книги меѓу кои и ,,Патепис на забрането пушење”.

Дреле е роден 1965 година, а фановите на групата ќе го паметат по незаборавните стихови за повеќе песни.