Почина еден од најголемите голмани во историјата Гордон Бенкс

Гордон Бенкс, легендарниот англиски фудбалско голман, кој со селекцијата на Гордиот Албион ја освои титулата светски шампион во 1966 година, починал ноќта кон вторникот во 81-та година од животот, објави на официјалната интернет страница неговиот поранешен клуб Стоук Сити.

Неговата одбрана со глава на шутот на легендарниот Пеле на светското првенство во 1970 година во Мексико, британските медиуми ја прогласија за одбрана на векот. Прогласуван е голман на годината во изборот на ФИФА шест години со ред од 1966 до 1971 година.

„Со голема тага објавуваме дека Гордон почина тивко во текот на изминатата ноќ“, напиша семејството во своето соопштение во кое се вели дека е „потресено и гордо“ на Бенкс. Според повеќето британски медиуми, Бенкс боледувал од рак на бубрегот од декември 2015 година.

Бенкс, кој учествуваше во победата на Англија над Германија од 4:2 во финалето на Светското пренство во Лондон во 1966 година, одиграл 73 натпревари во националниот дрес, а кариерата ја заврши во 1972 година, нма 33-годишна возраст кога го загуби видот на десното око по сообраќајна несреќа.

Кога станува збор за клупската кариера, најголем дел настапуваше за Лестер, од 1959 до 1967 година, а потоа од Стоук Сити, од 1967 до 1973 година, пред заминување во фудбалска пензија.

Голманот препшознатлив под прекарот „Banks of England“ беше сметан за еден од најголемите голман во историјата и од стран на неговите легендарни современици Русинот Лав Јашин и Италијанецот Дино Ѕоф.

Легендарниот голгетер на Лестер и репрезентацијата на Англија, Гери Линекер, денес водител на BBC, меѓу првите реагираше на веста за смртта на Бенкс.

„О не! Гордон Бенкс, еден од моите апсолутни херои, како и херојот на многу други, е мртов. Светскиот шампион бепше еден од најголемите голмани на сите времиња и бепе многу шармантен, многу шармантен #RIPGordon“, напиша Линекер на Twitter.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.