Почина Франческо Борели, предводник на италијанските ‘Чисти раце’

Легендарниот италијански државен обвинител Франческо Саверио Борели/ ANSA/STEFANO PORTA

Италијанскиот државен обвинител Франческо Саверио Борели, кој се прослави со истрагите против политичката корупција во 1990-те години, почина во саботата на 89-годишна вораст во болница во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Неговото тело ќе биде изложено за јавноста во понеделник, изјавил државниот обвинител Франческо Греко истакнувајќи дека Борели ја „создаде историјата“.

Борели беше водечкиот истражен судија во големата правосудна истрага против политичката корупција во 1990-те години кога откри широко распространета корупција во италијанската политика, премрежена со тесни врски меѓу политичарите и бизнисмените, но и збриша некои личности од политичката сцена.

Меѓутоа, додека некои Италијанци ги величеа истражните судии, меѓу кои беше и Антонио Ди Пјетро, како јунаци, лицата кои беа опфатени со истрагата тврдат дека тоа бил политички мотивирана „крстоносна војна“.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела му одаде почести на Борели во саботата, велејќи дека човекот кој верно и доследно им служел на законот и на татковината.

Критичарите беа многу остри. „Тој го предводеше државниот удар“, вели синот на поранешниот левичарски премиер Бенедето ‘Бетино’ Кракси. Кракси побегна од Италија во 1994 година откако против него беше отворена истрага, и беше осуден во отсуство. Почина во јануари 2000 година во самонаметнат егзил во тунискиот град Хамамет.

Откако со операцијата чиј главен лик беше Борели беше урнат стариот поредок, медиумскиот могул Силвио Берлускони влезе во политиката и беше избран за премиер во 1994 година. Но неговиот подем во власта само го зголеми судирот меѓу судството и политичарите, а ткн ‘Чисти раце’ почнаа да го устражуваат големото деловно царство на Берлускони, кој засега не ја коментираше веста за смртта на Борели.

Во својот славен говор при заминувањето во пензија во во јануари 2002 година, Борели ги повика истражните судии и судиите на „отпор, отпор, отпор“, алудирајќи на говорот на ителијански генерал пред војниците во критичната фаза од Првата светска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.