Почина фудбалерот што го постигна најбрзиот хет-трик во историјата

Шкотот Томи Рос, кој во Гинисовата книга на рекордите е запишан како фудбалерот кој го постигнал најбрзиот хет-трик во историјата на овој спорт, починал во 72-та година од животот, соопштија од клубот Тејн Сент Дјутес, кого го водеше како тренер во деведесеттите години од минатиот век.

Томи Рос го забележа рекордот со кој си обезбеди место во Гинисовата книга на рекордите откако во 1964 година како само 18-годишнил на мечот меѓу Рос Каунти и Нејрн Каунти за само 90 секунди постигна три гола.

Во кариерата во Англија потоа играше за Питербур, Јорк и Виган Атлетик, а во сезоната 1964/1965 година постигнал 44 голови.

Откако го напушти фудбалот и замина во пензија, со браќата отворил градежна компанија.