Почина градоначалникот на Гдањск прободен со нож

Градоначалникот на полскиот пристанишен град Гдањеск, 53-годишниот Павел Адамович, којшто во неделата вечерта беше прободен на хуманитарен концерт, починал во боилнциата, соопшти во понеделникот портпаролот на универзитетскиот клинички центар, Томаш Стефанјак.

Вооружен со нож млад маж го нападна политичарот на добротворен настан во Гдањск организиран за собирање пари за медицинска опрема. Градоначалникот Адамович се здобил со неколку повреди од нож, од кои една во пределот на срцето. Лекарите долго време го реанимирале градоначалникот на самото место на настанот, а потоа го транспортирале во болница. Напаѓачот е уапсен, а мотивите за нападот официјални не се соопштени.

Според очевидци, мажот пред нападот извикувал дека бил неправедно осуден на затворска казна. Видеоснимката на YouTube покажува маж кој скока на подиумот, го грабнува микрофонот и тврди дека претходната влада на левичарската партија Граѓанска платформа го ставила во затвори го мачела. „И затоа Адамович мора да умре“, извикал младиот маж.

Полицијата потврди дека станува збор за 27-годишен жител на Грдањск, кој бил осуден за грабеж на банка. Тој пред неколку седмици бил ослободен од затвор.

На градоначалничката должност Адамович беше од 1998 година, а опозициската Граѓанска платформа ги поддржа неговиот реизбор на локалните избори есента 2018 година, кога беше кандидиран од неговото здружение „Се’ за Гдањск“.