Почина Карл Лагерфелд, модниот дизајнер суперѕвезда

Karl Lagerfeld.

Еден од најпознатите модни креатори на светот, уметничкиот директот на „Chanel“ повеќе од три децени, Карл Лагерфелд, почина во вторникот на 85-годишна возраст, објави весникот Le Figaro.

Со својот ворхоловски карактер, политички некоректен, франкофил и на моменти и деспотски и чувствителен, Лагерфелд ја направи модата планетарно шоу. Во историјата на модата, Карл Лагерфелд остави една восхитувачка креација – самиот себеси, пишува парискиот весник.

Креаторот, фотограф и стилист се чувствувувал лошо изминатите неколку седмици. Познат по своите костими и црни очи, тој беше уметнички директор на модната куќа „Chanel“ од 1983 година.

Карл Лагерфелд е роден во Хамбург во богатото семејство на банкарскиот службеник Ото Лагерфелд. Во 1952 година се преселил во Париз. Во 1974 година Лагерфелд основал своја сопствена линија – Karl Lagerfeld Impression.