Почина Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на ОН

Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на ОН и добитник на Нобелова награда за хуманитарни дела, почина на возраст од 80 години.

Анан беше првиот црн Африканец што застана на чело на светската организација каде што отслужи два мандати од 1997 до 2006 година.

По истекот на мандатите, беше специјален пратеник на ОН за Сирија и ги водеше напорите за наоѓање мирно решение за конфликтот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.