Почина легендата на македонското кајакарство Мичо Поповски

На 69-годишна возраст во средата вечерта почина Мичо Поповски, поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет (МОК)

Мичо Поповски роден роден 05.05.1947 година во Горничево, Леринска околијам беше дипломиран инженер металург. Кариерата ја започнува во Рудници и Железарница, а ја заврши како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.

Активно беше вклучен во спортот, поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на МОК.

Беше претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, на Сојузот на спортски федерации на Македонија, прв петседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето.

Како селектор на Македонската репрезентација учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина.

Добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно беше посветен на развојот на младинските категории.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 27 април на скопските гробишта во Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.