Почина либанскиот маронитски патријарх Сфеир

Кардиналот Насрала Сфеир, повлечениот маронитски патријарх кој од 1986 до 2011 година ја водеше либанската Маронитска црква, и работеше на повлекувањето на сириските воени сили од Либан, починал во неделата три дена пред својот 99-ти роденден, извести државната новинска агенција NNA.

Насрала Сфеир е роден на 15-ти мај 1920 година во селото Реифун североно од Бејрут. Имаше истакната улога во Либан од периодот на граѓанската војна меѓу 1975 и 1990 година. Во 2011 година поднесе оставка на позицијата маронитски патријарх.

Како поглавар на маронитите, Сфеир имаше големо политичко влијание во земјата. Упорно даваше отпор на сириско-иранското влијаени во Либан преку тамошната силна и влијателна шиитска муслиманска заедница, и е еден од позаслужните во времето на ткн револуцијата на кедарите, која во 2005 година заврши со повлекување на сириските сили од либанските погранични региони. Папата Бенедикт Шенсаесетти во февруари 2011 година го прифати неговото повлекување од поицијата Врховен поглавар на оваа Источна црква поради поодминатата возраст.

Премиерот Саад ал-Харири, сунитски муслиман, најави два дена национална жалост во чест на Сфеир, во среда и четврток. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а во четвртокот ќе се одржи погребувањето и тој ден е неработен.

Сфеир и Харири под влијание на западните земји и регионалните сунитски монархии се сојузници од пред десет година која му даваа поддршка на движењето „14-ти март“ кое се спротистави на сириското алавитско (шиитско) влијание во Либан. Харири покојниот патријарх го опиша како личност којашто ја краселе 2решителноста, дарбата за лидерство и храброст“, што го порави „национален симбол“.

Маронитската црква, којашто е една од најстарите и го следи источниот обред на Римокатоличката црква, или ткн унијатство, е најголемата христијанската заедница во Либан. Во светот има околу три милиона маронити. Помали маронитски заедници постојат во другите држави на Блискиот исток, како и во Европа и во Америка.

Маронитите го добиле името по пустиножителот свети Марон кој живеел во петтиот век и околу кого во централна Сирија се собрала заедницата на христијаните од арамејско потекло. По исламското освојување на овие територии во седмиот век, верниците од оваа заедница пребегнале во Либан. Во XII век маронитите биле под заштита на крстоносците, и од крајот на тој век ѝ се приклучуваат на Римокатоличката црква. Од XV век целата Маронитска црква и официјално е соединета со Ватикан како едена од источните цркви кои го признаваат авторитетот на папата.