Почина мајмунчето Дино од скопската Зоолошка

Мајмунчето Дино, една од главните „атракции“ на скопската зоолошка градина почина, информираат од ЗОО Скопје.
Имено, на 18 декември, Дино се здобил со тешка повреда на предната нога при меѓусебен конфликт со мајмун, исто од видот пвијан.

Дино веднаш бил упатен на Факултетот за Ветеринарна медицина и му била извршена операција, но за жал тој не преживеал.

Од Зоолошка ги демантираат обвинувањата од „Анима мунди“ од каде што денеска јавно побара од скопската Зоолошка да одговори дали умрело мајмунчето Дино, за кое дознале дека починало од сепса, откако добило физичка повреда, отворена рана и скршена нога, а вработените биле залажувани и притиснати да молчат.

Дино  се роди на 10 март 2015 година и го одгледаа вработените во Зоолошката, откако мајка му го отфрли. Дино боеше со боички и заспиваше со своето кадифено мече.