Почина Ники Лауда – легендата во циркузот на четири тркала Формула 1

Легендата на Формула 1, Ники Лауда, починал утринава на 70-годишна возраст, по неколкумесечно боледување.

Андреас Николас „Ники“ Лауда е поранешен возач, трикратен светски шампион на формула 1. Освен со Формула 1 се занимавал и со претприемништво, а бил и пилот.
Во трките на Формула 1 учествувал од 1971 до 1985 година. Освоил три шампионски титули и тоа во: 1975, 1977 и 1984 година. Повеќе шампионски титули од него имаат единствено Михаел Шумахер, Хуан Манеуел Фанџо, Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Алан Прост.

Изгореници опасни по живот Лауда доби во 1976 година во текот на трката за Големата награда за Германија, но за чудо успеа да се опорави и повторно да седне зад воланот.

Ники Лауда имаше две трансплантации на бубрег во 1997 и 2005 година кога донори му беа братот Флориан и сопругата Брихт. На почетокот на 2019 година, Лауда заврши во болница во Виена неколку месеци откако имаше трансплантација на црн дроб. Од одморот од Шпанија тој беше префрлен директно во Австрија.