Почина Пеги Сју, вдахновението за класикот на Бади Холи

Тексашанката Пеги Сју Герон, чиешто име шест децении го зазема своето место во рокенрол аналите благодарејќи на песната на Бади Холи, починала во 78 година во Лабок, каде што со музичарот одела во средно училиште.

Починала во понеделникот во болницата во Лабок, која добила дозвола од нејзиното семејство да ја објави само смртта, но побарало да не бидат давани дополнителни поединости.

Песната „Peggy Sue“ на Бади Холи и неговиот бенд The Crickets била своевидна химна во раните зачетоци на рок музиката.

Холи и Герон се запознале во средното училиште кога тој ја турнал на земјата трчаји по годиникот со гитарата в рака.

Песната, меѓутоа, се изворно се викала „Cindy Lou“, по внуката на Холи. Меѓутоа, тапанорот Џери Алисон, го замолил Холи да го промени името. Тој токму што ја прекинал врската со Пеги Сју и се надевал дека со песната е може да ја врати.

Планот успеал. Холи се согласил на промената, а Алисон и Герон се венчале набрзо по завршувањето на средното училишта.

Герон првпат ја слушната песната на концертот во Калифорнија, кога бендот ја извел по тогашниот голем хит „That’ll Be the Day“. „Бев шокирана. Тоа беше големо изненадување“, изјави Пеги Сју во една прилика.

Песната „Peggy Sue“ е снимена на сингл плоча кој се појавува во јули 1957 година и достигната до третото место на топ-листата Billboard Top 100. Во 1999 година американското државно радио National Public Radio (NPR) ја вклучи песната во својата листа на стоте најважни американски музички дела на XX век, а истата година песната влезе во Куќата на славните на престижната музичка награда Греми.

Во 2004 година списанието Rolling Stone ја нареди „Peggy Sue“ во исполнение на Бади Холи на 194-то место од својата листа „500-те најголеми песни на сите времиња. На истата листа во 2011 година песната се наоѓаше на 197-то место. Покрај тоа песната е ставена во Куќата на славните на рокенролот на 500-те песни кои влијаеле врз развојот на рокенролот Songs That Shaped Rock and Roll.

Бракот на Герон и Алисон со текот на времето влегол во неволји и завршил со развод, а таа се преселила во Калифорнија каде што со вториот сопруга водела водоинсталатерски бизнис. Во родниот Лабок се вратила во 1995 година за да се грижи за болната мајка.

Пеги Сју Герон во 2008 година ја објави автобиографската книга „Whatever Happened to Peggy Sue?: A Memoir by Buddy Holly’s Peggy Sue“, по повод одбележувањето на 50-годишнината од појавувањето песната. Претходно во 1986 година Гренсис Форд Копола ја сними мелодрамата „.Peggy Sue Got Married“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.