Почина последниот преживеан од првиот конвој за Аушвиц

Казимјерж Албин последниот преживеан од првииот конвој испратен во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц ви јуни 1940 година, почина во полската престолнина Варшава на 96-годишна возраср, соопшти во вторникот Меѓународниот комитет за Аушвиц

„Подоцна во животот Казимјерж Албин сметаше дека неговата најважна должност е да зборува за Аушвиц и неговите убиени заточеници. Пишуваше книги, држеше говори, патуваше и разговараше со младите луѓе во многу земји… Особено му беше важно неговиот глас да биде слушнат во Германија“, изјави потпретседателот на комитетот, Криштоф Хеубнер.

Албин имал 17 години кога пристигнал во Аушвиц каде што го добил бројот 118, се додава во соопштението. Од почетокот се концентрирал на тоа „да не им подлегне на стравот и омразата, туку да ја олесни својата и ситуацијата на другите“.

Во февруари 1943 година заедно со уште еден логораш успеал да побегне од Аушвиц. Во Краков му се придружил на полското движење на отппорот и се борел за ослободување на својата татковина и на Аушвиц. По бегството, неговиот брат кој останал во логорот, бил измачуван.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.