Почина славниот француски композитор Мишел Легран

Францускиот композирот и трократен добитник на Оскар за филмска музика, Мишел Легран, починал ноќта кон саботата во Париз на возраст од 86 години, објавија вофранцуските медиумите повикувајќи се на неговиот портпарол.

Легран, кој во прв ред е познат како композитор на филмска музија, е роден во музичко семејство. Неговиот татко бил композитор и шеф на оркестар во Париз. Од детството бил фасциниран од музиката и само со десет години се запишал на познатиот Париски конзерваториум. Студирал кај реномираната и влијателна професорка и диригентка Надја Биланже.

Меѓу неговите најпознати дела се музиката за филмот „Шербуршките чадори“ со Кетрин Денев од 1964 година, кој доби пет номинации за Оскар. Ја компонираше музиката и за познатите филмови „Госпоѓиците од Рошефор“ од 1967 година и за „Магарешка кожа“. Подонца оскарите ги доби за музиките за филмовите „Аферата на Томас Кроун“ од 1968 година, „Лето ’42-то“ (1971) и „Јентл“ во 1984 година во кој играше Барбара Стрејсенд. Покрај тоа пет пати го освои престижната музичка награда Греми и еднаш беше добитник на филмската награда Златен глобус.

Во текот на кариерата подолга до пет децении соработуваше со најголемите светски музичари и филсмки режисери, како Реј Чарсл, Орсон Велс, Жан Кокто, Френк Синатра, Едит Пјаф, Мајлс Дејвис и со американската оперска дива Џеси Норман.

„Од дете, мојата амбиција беше да живеам целосно опкружен од музиката. Мојот сон беше ништо да не пропуштам. Затоа никогаш не се насочив на само една музичка дисциплина“, рече Мишел Легран своевремено во едно интервју.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.