Почина славниот српски режисер Душан Макавејев, втемелувач на „црниот бран“

Славниот режисер и еден од втемелувачите на таканаречениот „црн бран“, Душан Макавејев почина во петокот во Белград во 87-та година од животот, пренесуваат белградските медиуми повикувајќи се на извори блиски на семејството.

Макавејев е потписник на филмовите во коишто ги „критикуваше гнилите комунистички и капиталистичи општества“, како што се „Парада“(од 1962 година, „Човекот не птица“, „Љубовниот случај или трагедијата на службеничка на ПТТ“ (1967), „Невиност без заштите“ (1968), „Ми недостига Соња Хени“ (1972), „Sweet Movie“ (1973.), „Горилата се капе на пладне“ (1993) и многу други.

Роден на 13-ти октомври 1932 година во Белград, дипломирал психологија на Философскиот факултет во Белград, а бил голем приврзаник и познавач на делата на психологот Вилхелм Рајх, чиешто учење често го уфрал во своите филмови. Така, култниот филм „Мистеритите на органимот“ од 1971 година се смета за своевидна посвета на Душан Макавејев токму на Рајх, како еден од никогаш доволно признаените револуционери-психолози.

Макавејев беше уредник на повеќе весници, меѓу кои Студент, Књижевне новинр и на списанието Данас, а пишуваше и за многу весници и списанија. Активен учесник е и на студентските протести од 1968 година.

Добитник е на голем брог домашни и светски признанија, меѓи кои и на Сребрената мечка во Берлин и на Сребрената арена во Пула, а награден е и со уште неколку меѓународни принанија, како и со Октомвриската награда на Белград. Во 2018 година беше пром,овиран во почесетн доктор на науки на Ректоратот за уметности во Белград.

Во 2012 година Драгомир Зупанц беше прикажан филмот „Мистеријата Макавејев“, кој беше најавен како „портрет на Душан Макавејев, најголемиот српски и светски признат авангарден режисер“. Филмот е реализиран во периодот од 2007 до 2011, а за „големиот Мак“ во него зборуваат неговите најблиски соработници. Во овој филм „бројните инсерти од богатата филмографија го збогатуваат и илустрираат филмскиот портпрет за најголемиот жив претставник на Новиот дил, движењето настанаот во 1960-те години наречен ’црн бран’“, оценија тогаш критичарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.