Почина српска актерка Милена Дравиќ

168

Ноќеска во Белград на 79 година од животот, почина легендарната српска и југословенска глумица Милена Дравиќ, после долга и тешка болест.

Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.

Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по повеќе од 15 години. Според некои податоци таа има глумено во 150 филмски или телевизиски улоги.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа во брак четири и пол децении и беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.