Почина српскиот актер Игор Первиќ

На 52-годишна возраст во својот стан, почина познатиот српски актер, Игор Первиќ, по долга и тешка болест, пишуваат српските медиуми.

Первиќ е роден во Белград на 29 октомври 1967 година.

Игор Первиќ глумеше во многу филмови како што се „Црниот бомбардер“, „Лаење на ѕвездите“, „Буре барут“, „Сивиот дом“, како и во познатите серии „Ранет“ и „Вук Караџиќ“.

Во текот на животот се зборуваше дека имал проблеми со дрогата, а од тоа го извлекла неговата голема љубов Јасмина Холбус која му помогнала да го преброди тешкиот период.

Игор Первиќ извесно време дури и се повлекол од јавноста, а во последната година глумел во сериите „Шифра Деспот“, „Ургентен центар“…