Почина Стенли Донен, режисер на филмот „Да пееме на дождот“

52
Стенли Донен, снимен ноември 2002 година/ Jim Cooper/AP

Американскиот режисер и кореограф Стенли Донен, најпознат по филмовите „Да пееме на дождот“ и „Смешно лице“ почина на 94-годишна возраст, пишуваат во саботата американските медиуми.

Веста на филмскиот критичар на весникот The Chicago Tribune, Мајкл Филипс, во саботата му ја потврдил еден од синовите на режисерот.

Донен има голем продонесе во враќањето на мјузиклите на големото платно, а меѓу нив се и бројните хитови како „Да пееме на дождот“ (Singin’ in the Rain) од 1952 година, „Седум невести за седумте браќа“ (1954), „The Pajama Game“ (1957), „Damn Yankees!“ (1958) и „Смешно лице“ со легендарните Одри Хепберн и Фред Астер од 1957 година.

„Да пееме на дождот“ е американска музичка комедија снимена во режија на Џин Кели и Стенли Донен. Партнерка на Кели во филмот му е Деби Рејнолдс, а номиниран бил за два Оскара, во категориите за најдобра споредна женска улога и за најдобра филмска музика, но не освоил ниту една. Но и покрај тоа, Американскиот филмски институт во 2007 година го рангираше овој филм како петти најголемиот филм на сите времиња.

По прекинувањето на договорот со студијата MGM во 1950-те години, Донен се впуштил во режирање романтични комедии меѓу кои најфалена од критиката е „Шарада“ од 1963 година, а омилени актери му биле ѕвездите како Одри Хепберн и Кери Крант, со кого снимили четири филмови.

Неговиот последен филм на големото платно беше секс-комедијата со Мајкл Кејн „Blame it on Rio“ од 1984 година.

Во 1997 година го доби почесниот Оскар за, како што наведе американската Академија за филмски уметности и науки, „филмови кои ги красат визеулната иновација, духовитоста и интелигенција“, но ниеден негов филм никогаш не ја освои најпрестижната филмска награда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.