Почина велосипедист по удар од „мерцедес“

На автопатот Скопје-Велес, кај место ввикано „Рајко Жинзифов“ вчера се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „мерцедес ЦЛС 350“ со српски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (45) од Република Србија удрил во пешак Ј.Ј. (30) од с.Грдовци, кочанско.

Од здобиените повреди, пешакот починал веднаш на местото на настанот. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа.