Почина затвореник од Идризово откако му се слошило во ќелијата

На 09.02.2019 година во 20:40 часот во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“.

Таму од страна на лекар била констатирана смрт.

Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.