Почина затвореник од затворот Идризово

Вчера во 18 часот во СВР Скопје од службено лице од затворот Идризово било пријавено дека во Герантолошки завод „13-ти Ноември“ во Скопје, починал 70-годишниот затвореник А.А. од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.