Осомничен провалник кој се обидел да влезе во куќа во Калифорнија низ очакот, починал откако сопственикот на куќата запалил оган без да забележи дека провалникот е внатре, соопштува полицијата, пренесува британски „Гардијан“.
Најверојатно мажот влегол во оџакот во петокот додека сопственикот на куќата не бил дома, а потоа се заглавил внатре.
Сопственикот на куќата запалил оган во саботата попладне, но случнал дека некој вика внатре во оџакот, а куќата била исполнета со чад.
Сосптвеникот на куќата се обидел да го изгасне огнот, но пожарникарите кои го откопале оџакот го нашле осомничениот мртов. Осомничениот е идентификуван како 19-годишниот Коди Калдвел, а како причина за смртта се наведува вдишување чад и изгореници.